Науката тврди: Не постои посилна врска од онаа помеѓу мајка и ќерка – еве зошто


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секоја жена е свесна дека нејзината врска со својата мајка во текот на животот поминува низ секакви подеми и падови, но веројатно нема да негира дека врската помеѓу мајката и ќерката, на крајот, сепак, е нешто посебно и моќно.

Ако мислевте дека љубовта меѓу родителите и детето е идентична, независно од полот на детето, експертите тврдат дека е обратно. Поточно, велат дека нема посилна и помоќна врска од онаа помеѓу мајката и ќерката.

Според истражувањето кое е објавено во списанието The Journal of Neuroscience, односот помеѓу мајката и ќерката е најмоќен од сите врски на родителите со своите деца.

Во истражувањето, чија цел беше откривање зошто пореметувањата на расположението (како депресија) обично се пренесуваат од мајката на ќерката, научниците направија MRI скенирања на членовите од 35 здрави семејства. Интересно е дека мајките и ќерките имаа слични анатомии кога е во прашање делот од мозокот кој ги регулира емоциите.

„Таа врска очигледно е значително посилна во однос на врската помеѓу мајката и синот, таткото и ќерката, или пак таткото и синот“, заклучуваат експертите, објаснувајќи го тоа со фактот дека мајките и ќерките имаат поголеми шанси подобро да се разбираат и подобро да ги сфаќаат емоциите, па затоа имаат поцврст, подобар однос од било кој друг вид на семеен однос.

Затоа девојки, сетете се на ова кога вашите мајки ќе почнат да ви „тријат сол на глава“ со добронамерни совети. Немојте веднаш да ги отфрлате, бидејќи мама, сепак, најдобро ве разбира.