Home Вебкафе Научниците тврдат дека ја решиле мистеријата на фамозниот Бермудскиот триаголник

Научниците тврдат дека ја решиле мистеријата на фамозниот Бермудскиот триаголник

Претставници од научната фела веруваат дека конечно ја решиле мистеријата на Бермудски триаголник, тврдејќи дека не станува збор за никаква вмешаност НЛО или на чудовишта како причина за несреќите кои се случуваат во оваа океанска област, пренесува Хафингтон пост.

Бермудскиот триаголник, исто така познат и како Ѓаволовиот триагoлник, е подрачје во Атлантикот, помеѓу Мајами, Бермуда и Порторико. Се тврди дека многубројни авиони и бродови исчезнале во ова подрачје во мистериозни околности.

Според „Енигмата на Бермудскиот триоаголник“ на британскиот Канал 5, научниците сега веруваа дека „мистериозните“ околности во ова подрачје, всушност, се огромни и опасни бранови.

Има бури од југ и од север, кои доаѓаат заедно. Во исто време доаѓаат и бури од Флорида, по што се формираат смртоносни бранови, тврдат научниците.

Според океанографот од универзитетот во Саутемптон, Сајмон Боксал, овие жестоки бранови можат да достигнат висина и до 30 метри, со што се изедначуваат со најголемиот снимен бран досега – 30-метарскиот цунами бран предизвикан од земјотрес и тектонско поместување во заливот Литуја на Алјаска во 1958 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…