Пораст и на јавниот и на државниот долг во првата половина од 2018


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И јавниот и државниот долг се во пораст во првите шест месеци од 2018 година.

Во првите шест месеци годинава јавниот долг на земјава изнесува 47,7% од БДП. Истиот период лани изнесуваше 46,1% од БДП. Односно, во првото полугодие од 2018-та, споредено со истото од 2017-та година, Македонија е задолжена за 431 милион евра повеќе.

Државниот долг, пак, во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 415 милиони евра, односно ако лани процентуално изнесуваше 38%, годинава изнесува 39,9% од проектираниот БДП.

Инаку, во април годинава за прв пат беше издадена 30-годишна државна обврзница со што, покрај Словенија, Македонија е единствената земја во регионот што издала ваков тип државна обврзница.

Неодамна една од трите најзначајни Агенции за кредитен рејтинг, Фич, го потврди кредитниот рејтинг на земјава. Иако во нивниот извештај стои оценка дека растот на БДП за годинава би бил 2,7%, надлежните од земјава не отстапуваат од своите проекции дека годината ќе се заврши со 3,2% раст на БДП. Инаку, во првиот квартал Македонија оствари раст на БДП од само 0,1%.