Научен гениј и семеен тиранин: Неверојатната љубовна приказна на Стивен Хокинг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После премиерата на филмот „Теорија на сè“, во кој беше прикажана приватната животна приказна и бракот на генијалниот физичар, математичар и научник, Стивен Хокинг, кој почина рано утрово на 76-годишна возраст, тој имаше само еден коментар: „Потребна му е повеќе наука“.

Неговата бивша сопруга Џејн, пак, имаше дијаметрално спротивставен став и коментар: „Потребни му се повеќе емоции“. Токму тие две реченици посветени на филмот кој на Еди Редмејн му донесе Оскар најдобро го отсликуваат нивниот брак кој заврши со развод во 1995 година.

Сепак, факт е дека во него имаше помалку наука од емоции, бидејќи филмот беше посветен на годините во кои Џејн се грижеше за Стивен, а цел свет ја забележуваше само неговата генијалност, но и парализирачката болест која му предизвика слабеење на телесните мускули.

Неговата сопруга Џејн во 2014. година во интервју за американските медиуми, зборувала за нивниот брак и тоа по излегувањето на филмот „Теорија на сè“.

Филмот настанал според нејзината книга „Патување кон бесконечност: Мојот живот со Стивен“, во која ја опишала својата возбудлива, но и трауматична врска со оваа научна икона.

Сепак, сценариото на филмот малку се разликува од книгата, што потврдила и самата Џејн.

„Некои делови од филмот се поклопуваат со нашите животи, а некои сцени се прилично претерани“, рекла таа.

„Меѓу неговиот атеистички став и моите христијански верувања секогаш постоеше тензија, но не се обидувавме да се промениме еден со друг“.

Кога се запознале, тој веќе стекнал диплома по теориска физика на Оксфорд, како и докторат на Кембриџ. Пред него имало одлична кариера, но завршил во болница, каде му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза – АЛС, тешка и неизлечива болест на моторниот неврон, од која 95 проценти од заболените умираат во рок од пет до десет години. Кратко по излегувањето од болница Стивен на улица ја сретнал Џејн и ја поканил да излезат.

Станале неразделни, а се свршиле кога Џејн продолжила со студиите во Лондон. Младиот пар се венчал во 1965. година во Кембриџ, а во тоа време Хокинг уште можел да оди без туѓа помош. Наскоро нивното семејство се зголемило: во 1967. година го добиле синот Роберт, а во 1970. година ја добиле и ќерката Луси.

Здравјето на Стивен цело време се влошувало и бил прикован за инвалидска количка. И покрај тоа, тој ја градел научната кариера, па во 1979. година на Кембриџ ја преземал Лукасијанската катедра по математика, која некогаш ја држел Исак Њутн. Таа година Хокинг го добил и синот Тим.

Сепак, неговата болест и растечка слава лошо се одразиле на неговиот семеен живот. Иако во животот на Џејн тогаш влегол Џонатан Хејлер Џонс, таа уште го сакала Стивен на кого во 1985. година му го спасила животот кога во Женева за малку ќе умрел од воспаление на белите дробови. Хокинг бил во кома и на апарати за одржување во живот, а лекарите мислеле дека му дошол крајот. И предложила на Џејн да го исклучат од апарати, но таа одбила и организирала пренесување на својот сопруг во Кембриџ со авион, каде заздравил.

Две години подоцна, Хокинг ја објавил својата книга „Кратка историја на времето“, која е преведена на 44 јазици и продадена во повеќе од 10 милиони примероци. Но, на бракот му немало спас. Физичарот на Божиќ 1989. година го напуштил семејството и почнал живот со Илејн Мејсон, најамбициозната меѓу неговите негувателки и сопруга на инженерот Дејвид Мејсон, творец на специјалниот синтетизатор со чија помош Хокинг комуницира.

Се венчал со Илејн во 1995. година, а набрзо се појавиле гласини дека таа го занемарува и физички го злоставува неподвижниот сопруг, па неколку пати се водела полициска истрага. Кон крајот на 90-тите Џејн, која во меѓувреме се омажила за Џонатан Џоунс, ја објавила автобиографијата “Музика која ги придвижува ѕвездите” во која Хокинг го опишала како егоист, манипулатор и тиранин.

„Постоеја два Стивена: еден беше вундеркинд познат во јавноста, кој ја совлада АЛС и патуваше низ светот. Другиот беше Стивен во домашна атмосфера, каде неговата болест не туркаше во наша сопствена црна дупка“, напишала Џејн

Трауматичниот прекин на односот со првиот сопруг најтешко го поднела ќерката Луси, која била најблиска со својот татко. Кога во 2006. година ставил крај на бракот со Илејн, Стивен ги обновил врските со своите деца, посебно со Луси која се преселила во Кембриџ да се грижи за својот татко.

Таткото и ќерката во 2007. година го објавиле заедничкиот научно-фантастичен роман за деца – “Таен клуч за вселената”. Кога излегла книгата физичарот се смирил и со Џејн. Иако омажена за друг, Џејн последните години повторно се зближила со Стивен, па така на премиерата на филмот дошле заедно.