Home Спорт „Национал“: Халанд сака да го напушти Сити поради лошиот однос со Гвардиола

„Национал“: Халанд сака да го напушти Сити поради лошиот однос со Гвардиола

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, сака да го напушти клубот поради лошиот однос со Пеп Гвардиола, открива шпанскиот медиум „Национал“.

Халанд е во фантастична голгетерска форма, досега за Сити постигна 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања и дефинитивно покажа дека е еден од најдобрите трансфери во Премиер лигата во последните години.

Како што тврди „Национал“, Гвардиола има лош однос и со неколку други фудбалери, Бернардо Силва, Ејмерик Лапорт, а оваа зима Жоао Кансело по караница со менаџерот замина на позајмица во Баерн Минхен.

Шпанскиот стратег направил лоша атмосфера во соблекувалната затоа што Гвардиола не е навикнат да биде под притисок и да заостанува зад лидерот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…