Натпревар кој Сити го загуби уште во автобусот: Видете го ова „лудило“ пред „Енфилд“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако после сите мерки за безбедност кои ги воведоа Англичаните во фудбалската игра се уште постои стадион на кој е непријатно да се игра, тогаш тоа е сигурно „Енфилд“.

Особено кога станува збор за „незаборавни ноќи во Лига на шампиони“, натпреварување за кое легендарниот Коп секогаш е додатно мотивиран.

Така беше и синоќа пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул на „Енфилд“. Пасионираните фанови на „црвените“ имаа свое шоу пред стадионот.

Еуфоријата која владееше пред стадионот при пристигнувањето на автобусот на домаќините ја сними Џејмс Милнер и ја објави на социјалните мрежи.

Со црвени бакли и песната „This is Anfield“ беа дочекани и играчите на Манчестер Сити, но за жал нивниот автобус беше нападнат, нешто што фрли сенка на целиот натпревар.