Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби и официјална потврда – Џенаро Гатузо ќе го води Милан до 2021 година.
Гатузо денес и официјално стави потпис на нов договор до 2021 година, според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.
Легендата на „росонерите“ седна на кормилото во ноември, после отказот на Монтела, и покажа одлични резултати со тимот, па го убеди раководството да му понуди долгорочен договор.
„Гатузо во изминатите месеци заврши неверојатна работа и покажа дека е голем тренер. Рино сигурно ќе остане на клупата во следните три години, а се надеваме и многу подолго. Со него сакаме да започнеме нов победнички циклус“, изјави директорот Марко Фасоне.
OFFICIAL: Gennaro Gattuso has extended his contract with Milan until 2021 pic.twitter.com/lO1bIgQuSn
— Milan Eye (@MilanEye) April 5, 2018