Напаѓачот на „Топџиите“ се пакува и се сели во Париз?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат британските медиуми, напаѓачот на „Топџиите“ од ова лето би можел да се пресели во Лига 1, на француско тло.

Според пишувањата на Mirror, ПСЖ е прилично заинтересиран за Лукас Перез, напаѓачот од редовите на Арсенал. Шпанецот летоска пристигна на Емирати за околу 20 милиони евра, но, иако искешира добра сезона во дресот на Депортиво Ла Коруња, сепак, не се наигра во Лондон.

Постигна само еден гол во Премиер лигата и претставува уште едно во низата разочарувања, па би можел да биде прв на „листата за отстрел“.

ПСЖ покажа интерес за него, барајќи човек кој би му бил од помош на Едисон Кавани, поточно некој кој би му пружал можност да се одмори, бидејќи ПСЖ во своите редови речиси и нема друг напаѓач освен Уругваецот.

Изгледа дека Перез би бил солидно решение, бидејќи на натпреварите во ФА Купот во дресот на Арсенал покажа дека поседува квалитети, а нема сомнеж дека во Франција би имал и повеќе простор да ги покаже истите.