Сите како Реџеп: Мустаќите од Ердоган – хит меѓу турската политичка елита (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уредно поткастрени мустачиња налик оние на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, се многу популарни меѓу министрите од неговата Партија за правда и развој.

Сличен имиџ имаат и министерот за култура, за економија, надворешни работи, како и премиерот Бинали Јилдирим.

Традиционално, мустаќите во Турција се сметаат за симбол на машкоста, но во поново време со тоа се истакнува и серизноста, цврстината во политичките ставови. Националистите, во принцип носат долги мустаќи, во облик на буквата П, додека пак левичарите најчесто имаат дебели густи мустаќи.

 

– Тоа не е случајност во земјата во која мустаќите и брадата имаат политичка важност. Овој период, кога Турција се бори против терористички организации, и посебно периодов по превратот, мустаќите создаваат силна и строга слика, изјави професорот на истанбулскиот Универзитет на Мармара, Месут Сен.

До пред една година половина од министрите беа голобради, а сега само тројца од 27 министри, меѓу кои и една жена, немаат мустаќи и брада.