Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Египќанката Иман Ахмад Абдулати, којашто со своите повеќе од 500 килограми беше најтешката жена на светот, по пет седмици од третманот во Индија ослабела за 140 килограми, потврдија од болницата каде што се лекува.
За трагичната судбина на 36-годишната Египќанка, жителка на градот Александрија, првпат извести во октомври минатата година телевизијата Al Arabiya. Според докторите таа патела од ткн „слоновска болест“ или елефантиазис и заменски жлезди. Жената доживеала мозочен удар и останала прикована за постелата.
Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлече вниманието на лекарот од индискиот мегалополис Мумбаи, Муфазал Лакдавала, специјалист за баријатриска и лапароскопската хирургија, и понуди да ѝ помогне на жената. Иман беше донесена во Индија со специјален карго лет на 11-ти февруари.
Претходно беше објавено дека на 7-ми март Иман беше подложена на операција, со којашто обемот на нејзиниот желудник беше намален за 15 отсто од неговата претходна големина. Лекарите, исто така, отстраниле и голем дел од масното ткиво и на намалуваат нејзината потреба од храна.
„Моменталната тежина на Иман изнесува 358 килограми“, соопшти клиниката „Saifee Hospital“ во Мумбаи каде што е сместена пациентката.
Иман сега е ставена на специјален режим на исхрана: на секои два часа ја хранат преку специјална туба со протеински коктел со ниски вредности на соли, мешани со млеко од соја. Дневно на Египќанката ѝ се потребни 1.800 калории. Хранењето прек тубата е неопходно, поради тоа што по доживеаниот мозочен удар жената тешко голта.