Најстариот син на Фидел Кастро изврши самоубиство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фидел Кастро Дијаз-Баларт, најстариот син на покојниот кубански лидер и претседател, Фидел Кастро, си го одзеде животот во четвртокот, на 68-годишна возраст, официјално објави службениот кубански весник, а пренесуваат сите светски агенции.

„Докторот на науки Фидел Кастро Дијаз-Баларт, кој поради тешка депресија со месеци беше под медицински надзор, денес, на 1 февруари утрото, си го одзеде животот“, пишуваше вчера во службениот весник Granma, а пренесува France Press.

Нуклеарен физичар, научен советник и претседател на академијата на науки

Кастро помладиот, кој поради својата голема сличност со татко му, го доби прекарот Фиделито, беше хоспитализиран поради депресија, а потоа лекувањето од депресијата го продолжи надвор од болницата, додава Reuters.

Студираше нуклеарна физика во бившиот Советски Сојуз, а во моментот кога умре работеше како научен советник во Кубанскиот државен совет и како претседател на Кубанската академија на науките.

Неговиот татко, кој во текот на Студената војна изгради комунистичка држава речиси на прагот на САД, почина пред нешто повеќе од две години, на 26 ноември, 2016 година, на 90-годишна возраст.