Home Вебкафе Најстарата продавница за играчки на планетава ја купи најбогатиот Индиец

Најстарата продавница за играчки на планетава ја купи најбогатиот Индиец

Британскиот ланец продавници Hamleys, кој претставува најстара продавница за играчки на светот со работна традиција долга 260 години, ја купи моментално најбогатиот азиец на светот, индискиот бизнисмен Мукеш Амбани. Сумата за која Амбани ја откупи сопственоста на Hamleys не е откриена.

„Рилајенс брендс лимитид“, чиј сопственик е Амбани, соопшти дека е потпишана спогодба со компанија од кинескиот конгломерат „Си банер интернејшенл“.

„Рилајенс индустриз“ веќе поседуваат 88 погони на Hamleys во 29 индиски градови.

Hamleys како компанија е основана во 1760 година и е најстариот производител на играчки, а поседува вкупно 167 продавници во 18 земји. Минатата година оваа компанија пријави загуба од 9,2 милиона фунти, посочувајќи го Брегзитот и заканите од тероризам како главна причини за таквиот црн финансиски биланс.

Според Fobes, 62-годишниот Мукеш Амбани „тежи“ 50,7 милијарди долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…