Најскапиот и најлуксузен автомобилски отпад на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со сигурност најскап и најлуксузен отпад за автомобили се наоѓа во Дубаи, каде можат да се најдат голем број оштетени, напуштени и запленети луксузни автомобили од сите страни на светот.

Со оглед дека на улиците на овој град може да се видат неверојатен број суперспортски и луксузни модели, не е големо изненадување што таквата состојба се пресликува и на локалниот отпад за автомобили.

Општо претставува вистинска реткост еден покрај друг да се видат автомобили како „Rolls-Royce Wraith“, „Lamborghini Gallardo“, „Mercedes-AMG GT S“, „Ferrari California T“, „Bentley Bentayga“ и „Mercedes-AMG G63“, но посебно е ретко вакви автомобили да се наоѓаат на еден автомобилски отпад.

И додека некој од овие скапоцени автомобили се отпишани поради тоа што претрпеле голема штета, други изгледаат не чепнати, па се претпоставува дека се запленети или од некоја друга причина се напуштени од страна на својот сопственик.