Home Вебкафе Најскапата СМС во историјата: Со една порака ја оштети фирмата за 130.000 долари

Најскапата СМС во историјата: Со една порака ја оштети фирмата за 130.000 долари

Родителите од младиот Германец кој работел на Нов Зеланд беа принудени да ја дадат нивната куќа под хипотека за да ја платата неговата судска казна која судијата ја опиша како „една скапа текстуална порака“.

Откако бил избркан од работното место во фабриката за млеко во прав недалеку од Бленхајм, на Јужниот остров, минатиот октомври, Максимилијан Кристијан Цукер на својот бивш шеф му пратил СМС порака во која му пишал дека „оставил мал подарок на производствената линија за млеко во прав“, пренесува Marlborough Express.

Половина час подоцна, 21-годишното момче пратило уште една порака во која пишало дека станува збор за шега, но компанијата веќе започнала процедура за уништување на контаминирани производи во скалд со законите за дејноста.

Компанијата била принудена да исфрли цела пратка за извоз поради неговата невкусна шега. Оттаму соопштиле дека вкупниот трошок за пратката, ден после спроведеното уништување на производите и обидот за надомест на изгубеното време изнесува речиси 190.000 новозеландски долари (околу 130.000 американски долари).

Како што се наведува во новинарскиот извештај, семејството на младиот Германец било принудено да ја стави под хипотека куќата со цел да ја исплати казната од 19.000 долари која му беше изречена од окружниот суд во Бленхајм, како и неговите трошоци за живот додека чека изрекување на казната во Нов Зеланд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

4 црвени знаци дека си во токсично пријателство

4 ЦРВЕНИ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ВО ТОКСИЧНО ПРИЈАТЕЛСТВО Пријателите се како семејство што самите с…