Ова се малите тајни на заведување преку социјалните мрежи…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кои се правилата за флерт преку интернет? Кога треба да му ги лајкнувате статусите или поставете заедничка фотографија? Како да не оставите впечаток на напорна личност?

Ова е водич за флерт на интернет. Се надеваме дека ќе ви биде од корист

По неколку состаноци

Кога ќе минат три состаноци можете да додадете дечко на интернет. Претходно не е прикладно.

По повеќе од недна недела

Можете да почнете да му лајкнувате фотографии. Меѓутоа, внимавајте да не лајкнете слики од пред 5 години бидејќи тоа е знач дека сте му изанализирале цел профил. Ќе делувате нападно.

По еден месец

Можете да коментирате некоја негова објава. Немојте да претерувате со испраќањето срца и бакнежи.

А што кога тој баш и не е заинтересиран за вас…

Тој не ги следи вашите стории, не ги следи вашите твитови и не става заеднички слики на својот профил? Пред да се изнервирате, сетете се на ова: „Не се сите момци активни на социјалните мрежи“, вели Едвардсов. Доколку неговиот последен пост е од 2017. година, можеби не му е толку дојдено до делење на својот живот на интернет. Важно е вие да сте задоволни кога ќе се најдете со него лице во лице, а вашите социјални мрежи не се никаков показател на среќа. Доколку е тој, меѓутоа активен, но во активноста не ве бројува и вас, можно е да се обидува нешто да сокрие.

Кога ќе ја официјализирате врската

Можете да објавите ваша заедничка фотографија. Сликајте се селфи и кажете му дека ќе го споделите на социјалните мрежи. Ако тој се сложи, вашата врска е на добар пат. Меѓутоа, ако смисли некој изговор зошто не сака, размислете добро дали сте воопшто во врска или тој само така вели и ве смета за девојка за забава.

По половина година од вашата врска можете да почнете да ставате и натписи под сликата. Зошто да не покажете на сите колку вашата љубов цвета? Сепак, немојте ниту да претерувате. Не би било лошо да го промените и статусот на врската кога ќе бидете сигурно дека тој е вистинскиот.