Најпознатиот британски фризер го затвори својот фризерски салон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот и најпознат британски фризер Ники Кларк, после повеќе од 30 години професионална фризерска дејност во неговиот сопствен фризерски салон, го затвори својот водечки лондонски салон Мејфер, а за затворањето ја обвинува пандемијата на коронавирус.

Познатиот фризер, чии клиенти биле принцезата Дијана, војвотката од Јорк, Маргарет Тачер, Елизабет Тејлор и Дејвид Боуви, морал да го отпушти својот персонал и во понеделникот им рекол дека „со големо жалење“ мора веднаш да го затвори салонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lee Radley (@lee_radley)

„Овој престижен салон е во Мејфер повеќе од 30 години и е голем дел од нашите животи, лично и професионално. Сепак, последните две години беа најтешките што ги доживеавме, со долгорочно затворање поради Ковид, зголемени цени и режиски трошоци што го прават салонот повеќе да не е економски исплатлив“, изјави за Дејли Меил, Кларк, за чија деловна империја се вели дека вредела 60 милиони фунти пред пандемијата.

„Оваа одлука не беше лесно да се донесе, со месеци истражувавме алтернативни решенија за одржување на салонот, но за жал не успеавме. Персоналот ќе биде целосно исплатен и сите наши обврски кон него исполнети. Ние сме неверојатно благодарни за посветеноста и напорната работа на секој член од нашиот тим“, додаде познатиот фризер.

Фризура кај Кларк чинела 650 фунти. Во една прилика, L’Oreal му наложил да ја обликува косата на филмската ѕвезда Изабел Роселини.

„Направив три фенирања за 12.000 фунти“, се пофали тој потоа. Го започнал бизнисот со долгогодишната девојка Лесли Кларк благодарение на заемот од 20.000 фунти. Но, парот, кој има две возрасни деца, раскинал откако Ники имал афера со Сузи Бик, моделот на креаторката Вивиен Вествуд.

Подоцна се оженил со модната дизајнерка Кели Симпкин, со која има две мали деца. Сепак, Лесли и Ники не раскинале и како деловни партнери останале заедно.

„Срцето ми се кине поради ова. Тоа е нешто што никогаш не мислев дека ќе се случи, но пандемијата нѐ уништи. Недостиг од муштерии на Мејфер, кирии, цени, нема повеќе патувања, а имавме и многу меѓународни клиенти. Како што Мејфер повеќе не е станбена зона, не можевме да се потпреме ниту на случајните клиенти. Тоа беше заедничка одлука, навистина сум тажна“, изјавила Лесли за Дејли Меил.