Областа Тесалија е зафатена од невремето „Даниел“, кое во моментов беснее во Грција, па Волос, полуостровот Пелион и Скијатос останаа парализирани поради поплавите предизвикани од обилните врнежи. Грчката полиција упати предупредување до граѓаните да го ограничат движењето на подрачјето на Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотис. За жал, невремето ја однесе првата жртва, човек кој го загуби животот кога врз …