Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Мајка која на протестот мотивиран од аферата која се разоткри на скопска Онкологија во врска со кражба на цитостатици раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови, загуби свест во солзи, пренесува А1Он.
„Загубив син на 31 година, ова ми се случи на море, одендаш не можеше да диши. Ми препиршаа хемотерапии. Отидов во приватна клиника, ми рекоа нема од овие цитостатици. Само што излегов, ме вратија и ми рекоа ги најдовме“, раскажа за својата голгота мајка која го загубила синот лекувајќи го во една од приватните клиники.
Мајката им порача на граѓаните дека проблемите со немање цитостатици не се случуваат само на државните клиники, туку и на приватните, а лекарите во Виена и рекле дека хемотерапијата која му ја давале во Македонија била погрешна.
– Тоа беше разлика од десет минути. Јас сум медицинска сестра 40 години, викам како ги најдоа за десет минути овие лекови, ова не се случува само во јавното здравџтво, мене ми се случи во приватна клиника. После тие три терапии, син ми воопшто не ослабе, косата не му падна, најнормалнмо ги прими терапиите.
Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.