Тешко на ученици и наставници: МОН дури сега склучува договор за печатење и дистрибуција на учебници за учебната 2023/2024


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Откако официјално беше означен почетокот на новата учебна 2023/2024 година, Министерството за образование склучи договори за изработка, печатење и дистрибуција на учебници со компанниите Арс студио Тамара и со печатницата Европа 92.

Договорот за печатење и дистрибуција на учебници за основно и средно образование за учебните 2023/24 и 2024/25 година со Европа 92 од Кочани е во вредност од од 400.000.000 денари или 6.504.065 евра.

МОН склучи договор за јавна набавка на услуги за стручна редакција, графичко и техничко уредување на учебници, за основно и средно образование кои се одобрени за употреба на јазикот на кој се изведува наставата или учебниците кои не се подложни на преведување, превод од македонски на албански, турски, босански и српски јазик со лектура, стручна редакција, графичко и техничко уредување на учебници за основно и средно образование за учебните 2023/24 и 2024/25 година, со друштвото за образование на деца и возрасни Арс студио Тамара ДООЕЛ Скопје. Вредноста на овој договор е 193.520.000 денари или 3,146 милиони евра.