Монструм кој заслужува бавна и болна егзекуција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишниот Томи Алингтон, наставник во Велс кој снимал и фотографирал како сексуално злоставува бебе, пред да ја сподели снимката на интернет со други педофили, е осуден на 24 години затвор.

Алингтон повеќепати сексуално го злоставувал бебето, изјавија обвинителите пред судот во Велс.

Полицијата за целиот случај станала свесна кога на Инстаграм добиле разузнавачки информации за непримерни фотографии. Тие потоа го пронашле тајниот телефон на Алингтон кој бил скриен на таванот. Алингтон симнал повеќе од 1.500 фотографии на сексуално злоупотребувани деца, од кои 252 биле класифицирани како категорија А, што значи дека ги прикажуваат најекстремните видови на злоупотреба, пишува Дејли Меил.

Насилникот направил и свои видеа и фотографии, што им овозможило на детективите да го идентификуваат малото момче кое било повредено. Детективите откриле дека Алингтон на Интернет објавувал слики како ја злоставува својата млада жртва, фалејќи се со тоа пред другите педофили.

Во некои од вознемирувачките разговори, Алингтон и неговите контакти разговарале за придобивките од злоставувањето на децата додека се уште се бебиња бидејќи не можат ништо да кажат или да објаснат никому што им се случува.

Детективите го идентификувале бебето и ги контактирале неговите родители. Мајката на фотографиите и видеата го препознала синот. Судот го осудил Алингтон на продолжена затворска казна поради ризикот што го претставува за децата.

Алингтон претходно се изјаснил за виновен по 17 точки од обвинението за силување деца, сексуален напад, поттикнување дете за сексуална активност, поседување непристојни слики на деца, дистрибуција на непристојни фотографии на деца и поседување непристојни слики. Овие прекршоци не биле поврзани со неговата работа на училиштето. Тој немал претходни пресуди.