Шолц падна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, објави фотографија со врзано око, коментирајќи ги написите за неговата повреда по падот додека џогирал за време на викендот.

-Едвај чекам да видам какви ќе бидат мемињата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на поранешен Твитер, а сега платформа Х.

Тој рече дека повредата на окото, со која се здоби откако падна додека трчаше, не го ограничува особено и се заблагодари за желбите за брзо закрепнување.

-Канцеларот ја објави фотографијата со врзано око за да може сите да се подготват за тоа како ќе изгледа во следната недела или две, изјави денес владиниот портпарол Штефен Хебестрајт

Шеесет и пет годишниот германски канцелар од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) падна завчера паднал додека џогирал во близина на својот дом во Потсдам, во близина на Берлин.

Шолц претходно изјави дека се труди да се занимава со некој спорт, барем два до три пати неделно, главно трчање или веслање.