Само неколку минути откако британскиот премиер Борис Џонсон објави дека Велика Британија го постигна долгоочекуваниот трговски договор со ЕУ после фамозниот „Брегзит“, британската фунта собори скоро двегодишен рекорд во однос на доларот. Британската фунта скокна за повеќе од 0,8 проценти во однос на доларот и сега вреди 1,3624 долари, што е многу близу до комплетниот рекорд од мај 2018 година. …