Славни

Почина хрватската и екс-ју актерска легенда Перо Квргиќ

На 94-годишна возраст, во Загреб, почина познатиот хрватски актер Перо Квргиќ. Квргиќ важеше за театарска, филмска и телевизиска актерска легенда од времето на бивша Југославија. Последната година од својот живот во Домот за стари лица во Лажинска.

Роден е во Моравице во Горски Котар на 4 март 1927 година. Во својата долга кариера глумеше во сите поголеми хрватски театри и често можевме да го гледаме во филмови и ТВ-серии.

Се проценува дека тој имал над 190 улоги во својата кариера, а глумел дури и во подоцнежните години, па го прослави својот 90-ти роденден со „Стилске вјежбе“ на театарската сцена, пренесе „Јутарњи лист“.

Во својата кариера тој доби многубројни награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело „Владимир Назор“.

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ, го одликува со Орден на принцот Бранимир за исклучителен и долгорочен придонес во културата на Република Хрватска, а во 2007 година ја доби својата ѕвезда на хрватската улица на славните на шеталиштето „Слатина“ во Опатија.

To Top