Home Вебкафе Продаден најголемиот пронајден дијамант во изминативе 100 години – од цената ќе ви се сврти во главата!

Продаден најголемиот пронајден дијамант во изминативе 100 години – од цената ќе ви се сврти во главата!

Необработен дијамант пронајден во африканската држава Боцвана, кој го сметаат за најголем дијамант пронајден во изминатите 100 години, беше продаден за 53 милиони долари.

Британската компанија Граф го купи дијамантот и најави дека ќе ги ангажира своите најдобри експерти за да испланира како најдобро да се исече овој огромен скапоцен камен, јави новинската агенција ДПА.

Дијамантот од 1.109 карати, кој е со големина на тениско топче, беше пронајден во рудникот Лукара Карове во северниот дел на Боцвана. Наречен е Леседи Ла Рона, што значи Нашата светлина на јазикот на локалниот народ Цвана.

„Ќе работиме ден и ноќ за достојно да го обработиме овој неверојатен дар на природата“, соопштија од компанијата Граф.

Дијамантите претставуваат 80 проценти од вкупниот извоз на Боцвана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…