Премиерот Заев денес на суд за случајот „Поткуп“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, откако одбраната побара изземање на снимките од посебните истражни мерки кои беа објавени на Јутјуб.

Заев првпат како премиер, присуствуваше на минатото рочиште во Основниот суд Скопје 1. Тој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Заев изјави дека тој и неговата одбрана размислувале дали да ја објават целосната снимка од разговорот со бизнисменот за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што одлучиле да ја искористат втората можност. Обвинителството треба да утврди и како снимката завршила на интернет.