Најголемата лага која луѓето си ја кажуваат самите себеси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали некогаш ви се случило да се запрашате зошто во животот никако да се мрднете од мртва точка?

Новинар од порталот Indy100 распраша разни експерти во различни полиња, од психолози, невролози, па до астронаути, што е она што најмногу ги држи луѓето да тапкаат во место, наместо да напредуваат во животот, а сите негови соговорници се сложија дека главен проблем е самозалажувањето.

До самозалажувањето доаѓа кога самите себе не се перцепираме објективно. Не сме свесни кои ни се силни страни, а кои ни се слабости. Не сме свесни за сопствените когнитивни предрасуди. Не сфаќаме дека мислиме и размислуваме по одредена шема и дека имаме психичка зависност која не спречува да го оствариме она кое го посакуваме.

Луѓето често ги отфрлаат критиките и повратните информации бидејќи не сакаа да ги чујат, а исто така ги отфрлаат и идеите кои не им се допаѓаат. Вината за својот неуспех ја префрламе на други и бараме изговори. Не сме свесни за ограниченоста на своите убедувања, па не ги препознаваме начините на кои се саботираме самите себе и така остануваме во еден магепсан круг.

Најдобар начин да избегаме од тој круг е препознавање и прифаќање на тоа што реално се случува. Единствен начин на кој можете да учиме од сопствените грешки е прифаќањето на фактот дека се случиле.

Ако не си признавате себеси дека сте згрешиле и не ја прифаќате одговорноста за грешката, едноставно ќе продолжите да ги игнорирате повратните информации.

Лесно е да се западне во замката на тоа да се споредуваме со луѓе кои направиле поголеми грешки од нас или вината за нашите грешки да ја припишуваме на други, но така нема да сфатиме што навистина бил проблемот, ниту ќе си помогнеме во иднина да постапиме подобро.