Home Живот и здравје Најголемата грешка која ја правиме кога е пеколно жешко и сме жедни

Најголемата грешка која ја правиме кога е пеколно жешко и сме жедни

Кога ќе не зафатат летните горештини и телото многу побрзо дехидрира, најчесто сакаме со еден потег да се разладиме и да се хидрираме, па поради тоа посегнуваме по ладни пијалоци кои дополнително ги разладуваме со многу мраз.

Е, лекарите ни порачуваат дека токму таа е најголемата грешка која ја правиме за време на пеколните жештини – пиењето ладна вода или сокови полни со мраз, бидејќи тогаш на течноста ѐ е потребно повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира.

Затоа, најидеално тогаш е да се пие вода изладена на собна температура. Водата секогаш е подобар избор од соковите.Исто така, добро е да се испие топол чај, но кога надвор е сув воздухот, а не влажен. Чајот го потикнува потењето, а со тоа и разладувањето на телото. Имајте на ум дека со потењето се губат течности, па тоа треба да се надомести.

Лекарите велат да се избегнува алкохол, бидејќи тој додатно го суши организмот, а би било добро да се намали и конзумирањето на алкохол.

Сепак, каде и да одите секогаш со себе носете вода и пијте по неколку голтки што е можно почесто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто мачката ги затвора очите кога ја милувате?

Зошто мачката затвора очи кога ја галите Повеќето мачки навистина уживаат кога нивните соп…