Најевтино ноќевање од 650 долари: Луксузниот арапски затвор повторно станува хотел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луксузниот хотел во Ријад, кој служеше како затвор во владината анти-корупциска акција, повторно ќе биде отворен следниот месец, објавија од хотелот на својата официјална интернет страна. Тоа упатува дека властите се блиску до постигнување договор со поголем дел од осомничените.

Десетици принцови, високи службеници и водечки бизнисмени беа затворени во раскошниот хотел Риц-Карлтон, кога владата на почетокот од ноември, минатата година, иницираше отворена пресметка со корупцијата во највисоките општествени слоеви.

Најевтино ноќевање од 650 долари

Вработените во хотелот потврдија дека резервациите од гости повторно ќе почнат да примаат од 14 февруари.

Официјални лица потврдија дека властите ја привршуваат акцијата против корпуцијата во Саудиска Арабија, па Риц-Карлтон повторно ќе работи нормално.

Саудиската влада очекува најголем дел од обвинетите да се согласат на финансиска спогодба во замена за отфрлање на обвиненијата. Ријад со тоа планира да собери 100 милијарди долари „црни пари“.

Префрлање акции во државна сопственост

Градежниот гигант Saudi Binladin Group во саботата објави дека некои негови акционери, во склоп на договорот со државата, би можеле да ги префрлат своите акции во државна сопственост. Во антикорупциската полициска акција беше уапсен и директорот на компанијата, Бакр бин Ладен, како и неколку членови на семејството од убиениот талибански лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Принцот Митеб бин Абдулај, некогашен претендент за саудискиот престол, беше ослободен на крајот од ноември, откако владата ја искешира со 1 милијарда долари.

Уште еден моќен човек од бизнис фелата кој е затворен во Риц-Карлтон е мултимилијардерот Авалед бин Талал, сопственик на глобалната инвестициска компанија Kindom Holding. Неименуван саудиски службеник изјави дека прегогорите со него уште се во тек.