„Најдобриот совет што сум го добила и кој им помогна да ослабам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Создавањето нови навики во животот не е лесна работа, без оглед на тоа што се обидувате да смените.

„Ако сакате да јадете здраво, да почнете малку повеќе да одморате или да престанете да консумирате алкохол, ништо од тоа не е така едноставно да се смени како што се чини и звучи од прва. Истото важи и за слабеењето, бидејќи иако сите планираат долгорочно, во суштина, сè се сведува на она што го правите од ден за ден. А сите знаеме дека токму дневните навики се најтешки да се променат“, напиша Џина Флорио, која минатата година успеа да направи една голема лична промена.

„Мојата тежина варираше во текот на годините, но 2017 година конечно ги донесе резултатите кон кои се стремев. Секако, се држев и до здрава храна и чести физички тренинзи, но сето тоа ми го овозможи еден совет кој го добив, после многу години труд да направам голема промена.

Советот ми го олесни постигнувањето на целта, а тој вели – ИГНОРИРАЈ СÈ!“

Тоа можеби звучи неконвенционално и по малку откачено, но верувајте ми, кога ќе ја сфатите дражта од тој совет, тогаш сте спремни да ги постигнете сопствените стремежи и цели.

Затоа што:

„Своите цели ги чувате за себе, бидејќи единствено така можете да одлучувате за себеси без да мора постојано да објаснувате и да се правдате некому. Можеби е полесно кога некој ги знае истите, но само ако тој е некој кој секогаш ќе ве поддржува и мотивира. Во спротивно, постојано ќе добивате делумна поддршка – малку ќе го фалат вашиот карактер и успех, а потоа ќе ви говорат дека воопшто не сте интересни ако не сакате да каснете/пивнете уште малку.

Слушајте само експерти. Кога вашите цели ќе ги задржите само за вас, не мора баш пред сите да молчите за нив. Ако имате прашања, посоветувајте се со експерт кој нема да ви суди, туку ќе ви даде најдобри одговори и поддршка.

На крајот од денот сите сме сами на своето

Вашето губење тежина нема никаква врска со некој друг – сето тоа е само ваша работа и ваша цел. Кога конечно ја сфатив таа голема вистина, се почувствував ослободено. Повеќе не морав да се чувствувам лошо затоа што сум одбила пијачка или повик за дружба проследен со брза храна. Кога се фокусирав врз самата себе, тоа ми даде слобода да го направам тоа што ми е потребно мене и на мојата тежина, без чувство на вина.

Но, иако советот е да игнорирате сè, сепак, добро е своите стремежи, цели, планови и реализации да ги споделите со некого. Затоа, најдобро е да почнете да водите дневник. Тоа значително ќе ви ја олесни работата и подобро ќе ве мотивира да не се откажете“, напиша оваа девојка, споделувајќи го своето лично искуство и пристап кон слабеењето.