„Најдобрата акција во последните 10 години“ – заработка од 61,5 милиони долари во два дена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Mission: Impossible – Fallout, новото, шесто по ред продолжение на акционата франшиза во која главната улога ја има Том Круз, кој и понатаму импресионира со своите каскадерски вештини, минатиот викенд оствари најголем профит на кино благајните во Северна Америка, надминувајќи ги сите пет претходни продолженија на франшизата.

Продукциската куќа Paramount/Skydance во првите три дена од прикажувањето на споменатиот блокбастер заработи 61,5 милиони долари, четири пати повеќе од второпласираниот Mamma Miа! Here We Go Again, кој заработи 15 милиони долари минатиов викенд.

Филмот за Итан Хант (Том Круз) овој пат режисерски е потпишан од оскаровецот Кристофер МекКвари, три години после последното издание на Mission Impossible. Остатокот од актерската екипа го сочинуваат Хенри Кавил, Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Ванеса Кирби и други.

И покрај очигледните недостатоци и иако е „често блесав“, Washington Post смета дека филмот делува „неверојатно добро“, а популарната филмска интернет страна Rotten Tomatoes смета дека популарната акциона франшиза со ова продолжение доживеа препород и дека веројатно го имаме најдобриот акционен филм во последните десет години.