Home Актуелно Најбогатите и најсиромашните земји на светот според Global Finance и каде е Македонија на таа листа

Најбогатите и најсиромашните земји на светот според Global Finance и каде е Македонија на таа листа

Мерката за богатство или сиромаштија на една земја во голема мера зависи од тоа како се дефинираат богатите и сиромашните земји, пишува магазинот „Global Finance“, кој ја рангираше Македонија на 78-то место во своето истражување за „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“.

Според таа листа, најбогати земји во светот се Луксембург, Сингапур, Ирска и Катар, додека најсиромашни во рангирњето се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.

Даблин, Ирска

Гледајќи го регионот, Хрватска е на 53 место, Грција е на 55 место, на 63 позиција е Бугарија, Црна Гора на 69 место, Србија на 72 место, Босна и Херцеговина на 88 место, а Албанија на 92 место, пишува ПлусИнфо.

– Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја – збирот на сите добра и услуги произведени од земјата во текот на една година – тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП: САД, Кина, Јапонија и Германија. Но, како би можеле некогаш економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа – пишува гореспоменатиот магазин.

Друг проблем со БДП е, како што пишува „Global Finance“, што не ја мери распределбата на богатството.

– Затоа, попрецизното претставување на условите за живеење на луѓето започнува со делење на националниот БДП со бројот на луѓе кои живеат таму: БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство што е потенцијално достапно за секој човек и дали ова богатство се зголемува или намалува со текот на времето – се наведува во текстот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…