Home Спорт Најбизарниот гол во историјата: Хајдук постигна гол додека противиците славеа (видео)

Најбизарниот гол во историјата: Хајдук постигна гол додека противиците славеа (видео)

Хајдук го победи Славен Белупо со 2:0 во првата хрватска лига, а на натпреварот беше виден еден од најбизарните голови.

Имено, во 74-та минута при резултат 1:0, гостите од далечина се обидоа да го изненадат голманот на Хајдук и сите ја видоа топката во голот, па почнаа да слават. Дури и телевизиската графика покажа резултат 1:1.

Меѓутоа, топката не ја помина гол линијата, па судијата допушти играта да продолжи.

Играчите на Хајдук ја искористија ситуацијата, па додека противиците „славеа“ тие постигнаа гол за 2:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…