Најавена втора сезона од популарната серија Squid Games


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Авторот на моментално најпопуларната серија Squid Game потврди дека ќе има и втора сезона од серијата.

„Има толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов кога станува збор за втората сезона. Така, на некој начин се чувствувам како да немам избор. Но, ќе кажам дека навистина ќе има втора сезона. Во главата ми е. Во моментов сум во процес на планирање. Но, мислам дека е премногу рано да се каже кога и како тоа ќе се случи“, изјави Хванг Донг-Хјук за AP Entertainment.

Серијата Squid Game пристигна на Нетфликс во септември оваа година и за рекордно време стана глобален феномен. Во првиот месец од почетокот на емитувањето, серијата ја гледале 142 милиони домаќинства.