Home Спорт Надал трумфално низ УС Опен за 16-та грен слем титула

Надал трумфално низ УС Опен за 16-та грен слем титула

Рафаел Надал ја освои својата 16-та Гренд слем титула и трета на УС Опен, откако во финалето беше подобар од Кевин Андерсон во три сета, 6:3, 6:3, 6:4.

Шпанецот ја искористи приликата после триумфот во Ролан Гарос да ја однесе победата и на отвореното првенство во САД, со што успеа до го освои вториот од четирите најголеми тениски турнири за 2017 година.

Со освојувањето на УС Опен, Надал има 16 грен слем титули, само три помалку од Федерер кој има 19. Шпанецот вели дека можноста да го стигне Швајцарецот не претставува дополнителна мотивација за него.

„Не ми треба таква мотивација. УС Опен сам по себе е мотивација. Сериозно. Не мислам за тоа дали Федерер освоил два, четири или 24 туринири. Го следам мојот пат, и тоа што ме мотивира е мојата кариера, а не кариерите на другите“, изјави Надал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…