Home Актуелно Над Атлантскиот Океан се формира нова тропска бура

Над Атлантскиот Океан се формира нова тропска бура

Над Атлантскиот Океан се формира тропската бура Марија, која, според прогнозите, ќе се засили и ќе мине над некој од островите, кои веќе беа опустошени од ураганот Ирма, јавија американските медиуми.

Бурата има максимални постојани ветрови од 85 киулометри на час, се наоѓа на околу 1.000 километри од Малите Антили и се движи на запад.

Со доближувањето до тихиот Океан ураганот Норма ослабна до ниво на тропска бура, упатувајќи се кон мексиканскиот брег, соопшти Националниот центар за урагани од Мајами, цитиран од француските медиуми.

Норма сега има ветрови со брзина од 100 километри на час и се наоѓа на 335 километри од Кабо Сан Лукас, летувалиште во мексиканската држава Јужна долна Калифорнија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…