Над 2.000 македонски граѓани во странство ќе бидат вратени дома со чартер летови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До македонското Министерство за надворешни работи се обратиле 5.000 македонски граѓани кои се наоѓаат во странство и кои побарале помош да се вратат во земјава.

2.100 од нив се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано со чартер летови. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата.

На сите пријавени, од МНР ги инфорирааѕ дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.

Најмногу ќе бидат вратени од Европа, односно од Германија. Се чека уште само да се избере авиокомапнија која ќе ги организира чартер летовите, а основен критериум за јавната набавка е најниската цена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.