Донација во висина од 5 милиони долари од Ријана за борба против коронавирусот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Речиси секојдневно од многу големи компании и богати славни личности пристигнуваат донации во милионски суми за потребите на борбата против пандемијата со коронавирусот.

Џорџо Армани беше еден од првите кои донираа, и тоа 1,25 милиони евра, за помош на клиниките и институтите, „L’Oréal“ и „LVMH“ покренаа производство на антисептик во своите компании.

Сега и Ријана донираше сума од неверојатни 5 милиони долари преки својата фондација „Clara Lionel“. Славната пејачка одлучија да поддржи неколку организации на кои им е потребана помош, вклучувајќи и банки за храна во Америка.

Повеќето од средствата ќе бидат искористени за помош на медицинскиот персонал и купување на потребна опрема, но и одржување на одделенијата за интензивна нега и помош во завој на вакцина и други методи во борба против вирусот.