На својата мајка ѝ даде да искуси виртуелна реалност и ја снимаше – видеото стана хит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајката која за прв пат искуси очила за виртуелна реаност стана вирален хит на социјалните мрежи откако видеото кое го сними нејзиниот син беше објавено на интернет.

„За Божиќ добив Oculus Go Virtual Reality комплет, па ѝ понудив на мајка ми да го испроба. Никогаш немаше искусено VR и беше шокирана колку е тоа реално“, вели авторот на снимката.

Тој додава дека ѝ ја отворил апликацијата Epic Roller Coaster, а таа брзо после тоа почнала да вришти.

„Го снимив целото нејзино возење. Мафташе со нозете, вриштеше, па дури и плачеше. Бевме шокирани колку се внесе во виртуелната реалност“, објаснува типот.

Снимката е направена кон крајот на минатата година, а сега стана вирален хит преку социјалната платформа Rumble.