На предизборен собир убиен Фернандо Вилависенсио – претседателски кандидат во Еквадор (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кандидатот за претседател на Еквадор Фернандо Вилависенсио е убиен за време на предизборен јавен собир, пренесуваат светските медиуми.

Вилависенсио, кој е член на националниот собрание на земјата, како што пренесува Би-би-си, бил застреалан вчера, според локално време, додека го напуштал собирот во северниот град на земјата, Кито.

Член на неговиот предизборен тим за локалните медиуми изјавил дека претседателскиот кандидат бил нападнат додека се качувал во автомобилот. Во тие момент човек се доближил до него и го застрелал во главата.

Локалните медиуми објавија дека биле испукани околу 30 истрели. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници.

Во нападот, се повредени и девет лица, меѓу кои и кандидат за пратеник во националниот парлемент и двајца полицајци, пренесува Ројтерс.

По злосторството се огласи актулениот претседател на Еквадор Гиљермо Ласо, кој го осуди убиството и најави истрага.

„Злосторството нема да остане неказнето“, изјавил Ласо.

Според сведоштвата на очевидци, 59-годишниот Вилависенсио бил застрелан три пати.

Засега нема прецизни информации колку лица биле вклучени во нападот и убиството на претседателскиот кандидат.

Осомничен за убиството бил застрелан во престрелка со обезбедувањето. Тој подоцна им подлегнал на повредите, сооопштил јавниот обвинител на земјата на социјалните мрежи.

Инаку, првиот круг на претседателските избори во Еквадор треба да се одржи на 20 август.

Актулениот претсдател на земјата, Гиљермо Ласо, кој нема да биде на гласачкото ливче на претстојните избори, изјавил дека навреден и шокиран од убиството.

„Организираниот криминал помина долг пат, но целата тежина на законот ќе падне врз нив“, изјавил тој, пренесува британскиот национален сервис.

Убиството на Вилависенсио следи по она на Агустин Интриаго, градоначалник на градот Манта, кое се случи во јули и на градоначалникот на грасдот Пуерто Лопез во февруари, годинава.

Оддвајќи почит, поранешниот потпретседател на Еквадор и против-кандитат на претстојните избори Ото Соненхолцнер испратил длабоко сочувство и солидарност до семејството на Вилависенсио, кој беше оженет и има пет деца.

„Бог да го чува во неговата слава…Нашата земја излезе од контрола“, напишал Соненхолцнер.

Луиза Гонзалес, која е фаворит за нов претседател на Еквадор, исто така ја споделила својата солидарност со семејството на Вилависенсио.

„Овој грд чин нема да остане неказнет“, рекла таа.

Убиениот претседателски кандидат, инаку, поранешен новинар, отворено зборуваше за корупцијата и организираниот криминал во земјата, кои беа во фокусот на кампањата за претседателските избори.