Спорт

На поранешниот претседател на Барселона му се заканува 11 години затвор!

Шпанското јавно обвинителство бара најстрога казна за поранешниот претседател на Барселона.

Имено, Сандро Росел е обвинет за перење на пари и формирање злосторничка организација преку која се испрани повеќе од 35 милиони долари.

Росел е приведен во мај 2017 година и од тој момент се наоѓа во притвор чекајќи го почетокот на судењето.

Поранешниот претседател на каталонскиот гигант се сомнева дека во соработка со поранешниот претседател на фудбалско сојуз на Бразил, Рикардо Техеира „испрал“ повеќе од 35 милио долари. Росел се обвинува дека незаконски ги продавал маркетишнките права на Барселона.

Според обвиненијата Росел и неговите соработници преку незаконски пат стигнале до 15 милиони евра провизија кои ги добиле од тв правата. Тој износ на водно го „испрале’ преки фиктивни фирми основани во Андора. Истрагата на овој случај започна во 2015 година кога започна и приведувањето на ФИФА поради мито и корупција.

Росел беше претседател на Барселона од 2010 до 2014 година.

To Top