На овие пет реченици паѓаат и најголемите мачомени?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колку и да е силен, секој сепак сака некои нежни и убави зборови да слушне. Овие пет работи кои би му ги кажале би го стопиле вашиот партнер, но и најтврдокорниот заводник.

Те сакам. Без оглед на тоа колку е мажествен, голем и силен, секој маж барем малку се разнежнува кога ќе слушне „Те сакам“. Исто така, сакаат и прегратки, бакнежи и повремено мазење.

Го почитувам тоа што го правиш. На момците им е потреба потврда дека се глава на семејството и дека тоа добро го прават. Со се што е помалку од тоа, лошо ќе се чувствуваат, недоволно и несигурно бидејќи сметаат дека не ја осигурале својата љубена дека тие го имаат она што и треба.

Најдобар си. Не е во прашање подигнување на егото, туку повремено истакнување на нешто што е очигледно. Кога мажот е добар во своите улоги, таквите пофалби само го поттикнуваат и натаму да се труди.

Те почитувам. Со годините на момците им е поважно да ги почитуваат поради нивните карактеристики и трудот кој го вложиле, отколку поради егото и сопственото чувство на големина. Особено кога се во прашање луѓе кои ги сакаат и кои им се блиски, пишува „Powe of Positivity“.

Оди, прави што сакаш. Кога вакво нешто слушнат од своите партнери, момците се чувствуваат како повторно да имаат 13 години и полетуваат за оноа нешто за кое немаат време. За некои тоа е заминување на пијалок со пријателите, а за некои тоа е играње на игри на компјутерот.