Home Спорт На Островот се сигурни: Ова е новото засилување на Јунајтед од 100 милиони!

На Островот се сигурни: Ова е новото засилување на Јунајтед од 100 милиони!

Медиумите на Островот се готово сигурни дека во летниот преоден рок Манчестер Јунајтед ќе се засили со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Манчестер Јунајтед најпрво ќе се обиде да постигне договор со Атлетико Мадрид, но доколку не успее во тоа тогаш е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Гризман е најголемата желба на тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо, а клубот е спремен да му ја исполни таа желба.

Наводно раководството на Јунајтед веќе стапило во контакт со агентот на Французинот и Гризман нема против следното лето да се пресели на Островот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…