На кого Роби Вилијамс му покажа среден прст на отворањето на Светското првенство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милионската публика која во живо или преку директен пренос го следеше спектаклот од отворањето на Светското фудбалско првенство кое започна во Русија, не остана индиферентни на непристојниот потег од музичката икона Роби Вилијамс, кој за време на изведбата на „Rock DJ“ свртен директно кон камерата покажа среден прст при настапот во живо.

Голем дел од милионската публика која го следеше спектакуларното отворање на Мундијалот, отворено се запраша зошто Вилијамс направи таков контроверзен и непристоен потег?

Одговорот веројатно лежи во редицата обвинувања и навреди од страна на англиските медиуми кон пејачот, зашто се „продал“ на рускиот претседател Владимир Путин, согласувајќи се да учествува на отворањето на стадионот „Лужники“.

Всушност, малку пред да го покаже средниот прст, Вилијамс го промени текстот на песната на „… but I did it for free“ („но го направив тоа бесплатно“), со што навести дека медиумите не биле воопшто во право да го обвинуваат дека го направил тоа за пари.

Една од телевизиите што го емитуваше отворањето на Светското првенство, „Fox“, се извини на публиката за скандалозниот гест и рече дека само пренесуавл слика и немал контрола врз настаните.