На Иванов му заврши мандатот: Кум Ѓорге оди под кирија кај кумашинот Џевахир


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Работниот претседателски мандат на претседателот во заминување Ѓорге Иванов заврши вчера, со неговиот последен работен ден на оваа висока државничка функција. Веќе утре новиот претседател Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на претседателското место и ќе се пресел во претседателската вила на Водно, а Иванов уште денес ја добива службената канцеларија која ја побара како негов иден работен простор (реши да не се враќа на професорското место на Правниот факултет).

Канцелариjата се наоѓаат во зградите на „Џевахир Скај Сити“ во општина Аеродром. Тој во канцелариата ќе може да вработи најмногу три стручни лица, а има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари.

Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Толкав буџет, освен Иванов, има и канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Вкупно двете канцеларии на поранешните претседатели ќе ја чинат државата околу 210.000 евра годишно.

Пензијата на поранешните претседатели е ограничена во висина на платата на актуелниот шеф на државата што во моментов изнесува околу 1.800 евра.

Интересна и пикантна е одлуката на Иванов да избере канцелариски простор во кулите изградени од турското семејство и бизнисмени Џевахир, „Џевахир Скај Сити“. Овие објекти Џевахир Холдинг почна да ги гради во 2012 година, и уште од тоа време траат цврстите врски на семејството Иванови со едно од најбогатите турски семејства Џевахир.

Благосолов на темелите на стартот на изградбата на четирите највисоки згради во Македонија, покрај тогашниот премиер Никола Груевски, даде и претседателот Ѓорге Иванов. Оттогаш трае поврзаноста меѓу семејствата Иванов и Џевахир. Иванов потоа беше и кум на свадбата од Есер Џевахир, еден од наследниците на Ибрахим Џевахир.

Посебна делегација на МАТТО, македонска-турска бизнис комора, во која беше претставник и на Џевахир Холдинг, во 2014 година отидоа во претседателската вила на Водно да му го честитаат на Иванов вториот мандат.

Ѓорге Иванов реши да закупи два стана во една од кулите на Џевахир Холдинг, и тоа на 22 и 38 кат. Месечната кирија за овие два стана ќе изнесува 2.000 евра.