На интернет сè се продава: WC хартија и четка со ликот на Трамп одат како алва


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, не е баш омилена личност во светски рамки. Нов доказ за тоа е продажбата на тоалетна хартија со неговиот лик, како и четка за чистење WC школка исто со ликот на Трамп.

Тоалетната хартија со ликот на носителот на најмоќната функција во светот може да се купи на Amazon, каде се продава под слоганот „Make Toilet Paper Great Again“.

„На тоалетната хартија е испечатен ликот на Трамп во боја. Меката и апсорбирачка Трамп хартија содржи 200 тросолојни листови по ролна. Може да послужи и како подарок или како обична тоалетна хартија“, стои во описот од артиклот.

Продавачот додава дека оваа тоалетна хартија се произведува во Кина, а може да се купи во класична црно-бела верзија и во боја. Пакувањето од три вакви ролни чини 13 долари.

Тоалетната хартија, дополнително, можете да ја комбинирате со четка за чистење WC школка со ликот од Трамп која во продажба беше пуштена кон крајот на минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by trump toilet brush (@brushtrumptoilet) on

Благодарение на долгата руса коса од Трамп, оваа четка повторно ќе го направи сјајно вашето WC (Make Toilet Great Again), пародиски слоган на кампањската девиза од Трамп, пренесува Indy100.

Овие четки станаа толку популарни на оваа интернет страница за продажба, што побарувачката стана поголема од понудата. Поради големиот број нарачки ширум светот, за една ваква четка купувачите мораа да чекаат и по 7-9 недели за истата да стигне на нивната адреса. Четката чини 35 долари, а порачката исто толку.