На Хајди Клум едната нога ѝ е поскапа од другата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славните личности од светот на шоубизнисот одамна практикуваат да осигураат делови од своите тела или други лични „квалитети“, особено оние за кои се свесни дека им носат високи заработки.

Славната манекенка и водителка Хајди Клум откри дека нејзините нозе се еден таков скап пример на осигурани атрибути.

48-годишната манекенка и судијка на шоуто „America’s Got Talent“ се појави во последното издание на шоуто на Елен Деџенерис на интервју каде ја промовираше својата нова песна и соработка со раперот Снуп Дог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

За време на една од игрите кои се вообичаена пракса на шоуто на Елен, насловена „Хајди „Бланкинг“ Клум“, Хајди откри дека еден клиент еднаш ги осигурал нејзините нозе на 2 милиони долари, но спомена и еден интересен факт – дека едната нејзина нога била поскапа од другата!

Во интервјуто Клум продолжи и објасни дека тоа не било нејзин избор, но и неа ја изненадила информацијата дека едната нејзина нога „чини“ повеќе од другата, и зошто.

„Кога бев млада, паднав на стакло и имам огромна лузна. Очигледно ставам толку многу спреј за тен во моментов што не можете да ја видите“, сподели Хајди.

„И всушност, едната беше поскапа од другата… Чудни се работите што ги прават некои луѓе“, додаде Клум.

Супермоделот раскажа и како една од најстрашните фотосесии која морала да ја изведе вклучувала змија питон обвиткан околу нејзиното тело, чија глава постојано се приближувала до нејзината, континуирано влевајќи ѝ страв.