Home Актуелно На едно гласачко место најдени три ливчиња повеќе – дисциплинска мерка за надзорната комисија

На едно гласачко место најдени три ливчиња повеќе – дисциплинска мерка за надзорната комисија

Од вкупно 405 евидентирани гласачи, на избирачкото место 2.564 во општина Ѓорче Петров, биле изброени 408 гласачки ливчиња, поради што Државната изборна комисија донесе одлука за поништување на гласањето и разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на тоа избирачко место.

Прегласување на ова избирачко место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг.

ДИК ги разреши членовите на избирачките одбори од избирачкото место 2.564 во општина Ѓорче Петров и од избирачкото место 0006 во општина Берово, каде членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач, па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…