Home Вебкафе На аукциска продажба во Женева продаден најголемиот дијамант во историјата

На аукциска продажба во Женева продаден најголемиот дијамант во историјата

Најголемиот дијамант во историјата беше продаден на аукциско наддавање во Женева за 14 милиони долари, соопшти аукциската куќа Кристис.

Дијамантот од 100,94 карати е направен од многу редок дијамант од 207,29 карати, кој е ископан уште во 2016 година. Тој станал еден од најголемите кои руската компанија Алроса го ископала во 21. век.

На експертите од Алроса, која е една од трите најголеми компании во светот за ископување дијаманти, им била потребна повеќе од една и пол година да го направат дијамантот. Првичната цена на дијамантот била проценета меѓу 13 и 20 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врел…