Home Шоубизнис На 65-годишна возраст почина хрватската актерка Мира Фурлан

На 65-годишна возраст почина хрватската актерка Мира Фурлан

На 65-годишна возраст почина актерката Мила Фурлан, позната по улогите во филмовите на Емир Костурица, но и американските серии „Вавилон 5“ и „Изгубени“.

Веста за смртта на Фурлан беше објавена на нејзините профили на социјалните мрежи, како и режисерот на „Вавилон 5“, Мајкл Стразински.

Фурлан е родена во Загреб во 1955 година. Првично била една од најистакнатите актери во хрватскиот Народен театар во Загреб, а во осумдесеттите години од минатиот век, станала една од најпознатите и најавтентичните југословенски актерки.

За време на распадот на Југославија, Фурлан се сели во САД каде што продолжува да се бави со актерство. Нејзините најпознати улоги се во телевизиските серии „Вавилон 5“ и „Изгубени“.

Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста во САД, каде што живееше од 90-тите години.

Медиумите објавија дека Мира Фурлан починала во средата. Режисерот на „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, објави дека екипата од серијата веќе подолго време знаела дека на Фурлан ѝ е нарушено здравјето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…