На 138-годишна возраст почина Ахмад Соуфи – најстариот жител на Иран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иран го загуби својот најстар жител, Курдот Ахмад Соуфи, кој почина на 138 година како што покажуваат неговите лични документи, објави официјалната новинска агенција Ирна.

Ахмад Соуфи починал во Сакез во провинцијата Курдистан (западен Иран), објави Ирна и потенцира дека починал од „длабока старост“.

Агенцијата објави и копија од неговата семејна брошура и неговата лична карта во која се наведува дека тој е роден на 28 февруари 1882 година, што значи дека Соуфи е современик на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт, кој починал во 1945 година.

Според горенаведените лични документи, Соуфи починал на подоцнежна возраст од таа на сегашниот признат најстар човек на светот, Јапонецот Кане Танака, роден на 2 јануари 1903 година

Во Иран, Курдите се познати како стогодишници.